До Собрание бил доставен предлог закон за покачување на платите на вицепремиерите за 8.000 денари, информира „Макфакс“.

Со измените на Законот плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија поднесени до Собранието, коефициентот за утврдување плата на заменик претседател на Влада ќе се пресметува со коефициент 4 наместо 3,70.

Согласно ова, разликата во платата ќе изнесува 8.027 денари во бруто изнoс или за 5 вицепрмеиери, Хазби Лика, Кочо Анѓушев, Бујар Османи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, за 12 месеци 482.620 денари, пишува порталот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.