Секое правно лудило завршува вака. Секогаш кога Собранието носи неуставни закони, вклучително и јас. Секогаш кога правите органи не реагираат, иако стопати беше кажано дека СЈО излегува од уставните рамки, излегува вака. Немам право на јавна сцена да зборувам за Извештајот на Советот на јавни обвинители, но можам да се покажам на тогашниот претседател Коле Штрејев кој самиот кажа дека се поведува Иницијатива затоа што констатирале нестручно, незаконско и несовесно работење на јавниот обвинител. Врз основа на тоа, Комисијата за избор именувања многу брзо се свика и донесе заклучок и предлог-одлука за разрешување. Секој правен експеримент може да донесе само штета на државата. Најдете правен ред во државата, за секого кого правосудните органи ќе најдат криминал, треба да одговара, без разлика за кого се однесува, истакна пратеникот Илија Димовски од собраниската говорница на денешната седница на која треба да се гласа за разрешувањето на Јанева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.