Седумдесет и петтата седница на Собранието на Република Македонија нема да се одржи денес. Како што информираат од Собранието, седницата ќе продолжи на 11 јануари 2019 година (петок) во 12:00 часот.

Седницата за уставните измени требаше да започне денеска во 13 часот откако вчера по резимето на премиерот Заев, беше прекината, но не започна. Беше одложена за 15 часот, па час и половина подоцна е одложена за утре во 12 часот.

Според последните информации, Заев нема обезбедено двотретинско мнозинство за да го промени уставот и уставното име на Република Македонија.

Преговорите со БЕСА траат, но од таму велат дека најверојатно нема да се постигне договор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.