Во изминатите 24 часа во земјава 981 граѓанин е тестиран од Ковид-19. Притоа регистрирани се 175 новозабоени, а петмина починале, изјави денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Во Охрди на семејна прослава досега се потвдени осум заболени од коронавирусот, а на свадба во Скопје пак се потврдени 14 заболени од Ковид-19, рече Филипче.

Во седумте штипски конфекции има 126 позитивни, а 24 заболени се болнички хоспитализирани. Во Штип и тетовско состојбата се смирува, а уште тензично е во Скопје, посебно во општина Чаир, рече Филипче.

Според Филипче овој бран се уште трае иако две од четири жаришта спласнуваат.

Сега сме сконцентрирани на сузбивање на заразата во Скопје, вели Филипче.

Вели дека мора да се почитуваат мерките, затоа што вирусот останува тука, а во болниците граѓаните да даваат точни информации.

За жал имаме неколку случаи во кои поради неточни информации, повеќе здравствени работници се во изолација и ова не смее да се случува“, додаде министерот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.