СДСМ ја одложи седницата на Извршниот одбор која требаше да се одржи денеска, поради отсуството на некои министри од државата.. На истата требаше да се расправа за можноста заедно со претседателските да се одржат и предвремени парламентарни избори.

Ваквото тактизирање, пак, се повеќе ја оддалечува идејата за двојни избори, од причина што, нема да има време за техничка влада на сто дена пред избори.

Но, на крај сѐ ќе зависи од политичкиот договор меѓу партиите. СДСМ се уште ги крие и кандидатите, за кои финалната одлука треба да ја донесат делегатите на конгресот на трети март.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.