Еден од членовите на Македонскиот манифест, режисерот Александар Русјаков, на Фејсбук го повика совојот народ да ја пренесува вистината за корените на поколенијата за никога да не се заборави кои сме од каде сме, а ги проколна оние кои гласаа „ЗА“.
Македонци, Македонки, сега прегрнете ги своите деца, дајте им ја сета љубов, топлина, мир и зборувајте им, зборувајте им многу, учете ги, нека знаат, нека знаат се
Проклети да сте! За навек.
Проклети да сте затоа што ми го укинувате постоењето, татковината, идентитетот.
Проклети да сте затоа што во овие мои 41 година за првпат успеавте да родите омраза во моето срце. Омраза кон вас.
Јас можеби сега ќе војувам за да го истерам демонот на омразата од срцево, ама вашите срца се удобни живеалишта за сите демони.
Проклети да сте!
Слободата да ви биде затвор, а парите, беда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.