Револуцијата почнува кога луѓето веќе не го прифаќаат незадоволството како нормална сосотојба, а вие молчите граѓани!
Револуцијата почнува кога бесот на гладните не може веќе да се купи со парите на ситите, а вие сте гладни, граѓани!
Револуцијата почнува кога работниците ќе одбијат да бидат робови, и ќе си го земат она што им припаѓа, а вие молчите, граѓани!
Револуцијата почнува кога моралните закони не постојат, а пишаните се спроведуваат само врз сиротите, а вие сте сироти, граѓани!
Револуцијата почнува кога државата ги понижува старите, а младите ги апси или ги протерува, а вие молчите, граѓани!
Револуцијата почнува кога власта му служи на народот, а не народот на власта, а вие служите, граѓани!
Револуцијата почнува кога уметниците ќе престанат да бидат кукавици и ќе проговорат на цел глас, додека вие молчите, граѓани!
Револуцијата почнува кога се забранети слободниот збор и слободната мисла, а вие сте забранети, граѓани!
Револуцијата почнува кога работа и леб има само за оние кои го слават и фалат царот, а вие молчите граѓани!
Револуцијата почнува кога војската, полицијата и безбедносните сили не се чувари на слободата, туку окупатори на сопствениот народ, а вие сте окупирани, граѓани! В.М. 1909 год, пишува Тони Михајловски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.