Сакаме ветинг и брзо продуцирање кадри за судството, тврди премиерот во заминување, Зоран Заев во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

На констатацијата на РСЕ дека по последните настани во судството, по бегствата, и тој самиот дал негативна оценка за судството, а сега повторно најавува ветинг, премиерот во заминување беше прашан зошто сега се најaвува ветинг, дали дека има нови судии?

Ветингот може да го стартуваме, на претходно јасно утврден модел каде што политичарите се надвор од процесот на одлучување, со конечна цел да направиме едно комплетно растресување и промена на менталното однесување во правосудството. Тоа паралелно треба да се случува и со државната власт, но би рекол и во други сегменти во општеството. Што е ново? Ново е тоа што сега ќе инсистираме на еден брз процес на продуцирање кадри за судии и обвинители. Тоа веќе стартуваше, 60 кандидати веќе завршуваат, ќе има и уште нови 60 кандидати. Верувам дека со ЕУ ќе обезбедиме и брза трака за оние со над 5 години работно искуство, како што се стручните соработници во судовите, адвокати, професори до над 5 години работно искуство, да имаат пократок период на учење низ академијата – вели премиерот во заминување Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.