Пред две години рекоа „Имаме план“, денес велат „Малку понезагадено, ама за две години“

Македонија 10.12.2018 / 12:19
(фото: монтажа „Република“)

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, во презентација на својот двегодишен план рече дека подобрување ќе очекуваат дури за две години. За ова Владата бара финансиска и техничка помош од меѓународните донатори, по што се очекува намалување на загадувањето за 50 проценти.

Но, во екот на нивните изборни кампањи, СДСМ тврдеа дека ако дојдат на власт, граѓаните веднаш ќе дишат почист воздух. Веќе нема да има загадување за Скопје, па дури најавуваа град без смог. Сегашната власт од опозиција ветуваше почист воздух веднаш по преземањето на власта, а не како што сега ветуваат дури на крајот на нивниот мандат.

Еве што порача сегашниот министер Дамјан Манчевски пред точно две години:

СДСМ успешно ги тераше кампањите за чист воздух, сочувување на градското зеленило и животната средина. Токму екологијата, преземање на мерки за намалување на загадувањето, спречување на дивата урбанизација и неконтролирано градење каде најважни се нечии бизнис интереси беа главните заложби на кандидатите за градоначалници на СДСМ.

И Петре Шилегов во својата кампања за градоначалник на Скопје ветуваше чист воздух.

И покрај бројните ветувања, градската власт не стори ништо за да се намали нивото на ПМ честички во воздухот во Скопје и дозволува сите ние да се труеме од загадениот воздух. На Скопје му е потребна итна стратегија за чист и квалитетен воздух. Затоа, по победата на локалните избори, како нова градска власт ќе преземеме низа краткорочни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето, велеше тогаш Шилегов.

Денеска Македонија е меѓу првите во светот по загаденоста. Од буџетот за оваа проблематика се одвоени само 98 милиони денари, а Макрадули не беше конкретен за колкави средства се потребни од меѓународната заедница за да ги достигне тие 50% понезагадена Македонија.

По две години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.