Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти дека телевизијата Телма го откажала веќе договореното интервју со него што требаше да се одржи утре.
Како што објави Мицкоски, добил известување дека редништвото на телевизијата не е среќно да се чуе гласот на најголемата политичка партија.
Цензура како во најлошите времиња на комунистичките режими. Утре требаше да гостувам на националната телевизија Телма. Бев известен дека уредништвото на телевизијата не е среќно да се чуе гласот на најголемата политичка партија. Гостувањето откажано.
Причините може да се претпостават. Ова е само приказ за еден брутален недемократски атак кој има функција да го прикрие стравот на Заев и власта и да ја замолкне опозицијата. Три години измислуваат, констриураат, напаѓаат и лажат, а сега и ме цензурираат.
Но, тоа нема да ме спречи да продолжам да ја говорам вистината, да ги поддржувам новинарите кои ја сакаат вистината и да бидам на страна на народот. Некој сака земја во која нема опозиција. Но, нема да престане да има луѓе кои мислат со своја глава. Најголем доказ дека власта е изгубена, ранлива и дезионрентирана – објави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.