Делегацијата на Европската унија во Скопје и Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денеска на Министерството за внатрешни работи му донираа две теренски возила марка „Нисан навара“ опремени со сет на системот TRACK’N’GO.

Со донацијата се зајакнуваат капацитетите на тимовите за интервенција и се подобрува одржувањето на телекомуникациските системи на МВР.

Возилата се опремени со специјална опрема која се користи за тешко пристапни локации и во лоши временски услови.
Министерот Оливер Спасовски во име на Министерството за внатрешни работи се заблагодари на донацијата, потенцирајќи ја одличната соработка со Делегацијата на ЕУ и ИОМ.

Владата на СДСМ е позната по тоа што „инвестира“ во обезбедување донации. Така, реформите во здравството се темелат на нечија милостина, но и полицијата, судството и други витални државни сектори се модернизираат на истиот начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.