1 394 новорегистрирани случаи на ковид-19, вкупниот број на заболени од вирусот во земјава достигна 134 134 лица, од кои во моментов активни се 21 553. Од нив речиси половина, или 10 613 активни случаи се од Скопје, покажуваат статистиките на Министерството за здравство.

После Скопје, најмногу активно болни има во Прилеп 1 130 и Куманово со 1 047 случаи. Иста е состојбата и во Битола каде веќе трет ден по ред се откриваат по повеќе од 100 нови случаи на ковид-19, а во моментов има 981 активен случај.

Голем е бројот на активни случаи и во Охрид 876, Велес 818, Кавадарци 749 Гостивар 521, Штип 499  и Гевгелија каде има 415  активни случаи на ковид-19.

Троцифрен е бројот на активно болни и во Струмица 408, Неготино 393, Кочани 280, Струга 274, Кичево 228, Ресен 199, Радовиш 140, Берово 130, Свети Николе 129, Крушево 127, Крива Паланка 21, Делчево 104 и Пробиштип каде има 100 активни случаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.