Новинарот Ивор Мицковски на својот Фејсбук профил пишува дека патниците од Истанбул и Дубаи кои денеска претпладне слетале на македонскиот аеродром не ги поминале превентивните прегледи за корона вирусот, тој уште пишува дека лекарскиот тим на македонскиот аеродром пристигнал откако слетал авионот од Дубаи, а термалната камера неколку пати се ресетирала.
Патниците од Истанбул и Дубаи кои денеска претпладне слетаа на македонскиот аеродром не ги поминаа превентивните прегледи за корона вирусот, поради неорганизираноста и некоординираноста на здравствените институции.
Лекарскиот тим на македонскиот аеродром пристигна откако слета авионот од Дубаи, а термалната камера неколку пати се ресетираше.
Ај немате гајле, и онака не сите покажуваат симптоми, стои во статусот на Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.