Го имало во Титова Југославија, чија полициска држава се враќа на голема врата.
Настрана забраната за книгата на Андов, имаме многу посериозен проблем со нормализирањето на притисоците за коментари на Фејсбук – полициските посети, тужбите за говор на омраза што ги поднесуваат „невладините“ на СДС, прикривањето на критички коментатори на социјалните мрежи… – реагира новинарот Цветин Чилиманов, откако денеска Основниот суд Скопје 2 даде времена забрана за продажба на книгата на Стојан Андов.

Причина за ваквата одлука на судот е тужбата на Љубомир Фрчкоски за повреда на неговите лични права, односно за клевета во врска со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.