Нема конфликт меѓу коалициските партнери околку имплементацијата на Законот за јазици, убедува вицепремиерот Бујар Османи. Според него, ништо што е усвоено од Законот за јазици не може да биде оспорено. Венецијанската комисија ќе го оценува само неусвоениот член 8.

Немаме недоразбирања, може да има само различни интерпретации за тоа кој член треба да се прати во Венецијанската комисија. Мислам дека тоа што треба да се оценува од Комисијата се двата члена кои се оспорени, а нормално е да се поднесе целиот закон за да се провери суштината. Не мислам дека Венецијанската комисија треба да оценува колку и каде треба да се употребува албанскиот јазик.Тоа го одредува Уставот и измените направени после Рамковниот договор-вели Османи во изјава само на Албански јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.