До Венецијанската комисија за проверка се испратени само делови од Законот за јазици, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по вчерашните тврдења на Зоран Заев дека до комисијата е испратен целиот закон.

Испратен е само делот за кој се договоривме. Тоа се две прашања за кои се договоривме, банкнотите и хартиите од вредност, и амблемите на војската и полицијата. Јас не знам зошто сето ова се политизира и станува медиумска тема кога е познато дека законот е договорен со коалиционите партнери и е усвоен со потребното мнозинство. Треба да се знае дека за поништување или укинување на еден закон потребно е бадинтерово мнозинство, рече Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.