Од трети јануари, четврток, почнува обновата на документите за сите корисници на социјална  информира ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи.

Оттаму велат дека корисниците ќе треба да поднесат ново барање, а потребните обрасци за пријавување ќе ги добијат во Центарот за социјални работи. При поднесувањето, корисниците на социјална помош, ќе треба да имаат увид во важечката лична карта за себе и за сите полнолетни членови на семејството, а останатата потребна документација Центарот ќе ја добие по службена должност. Основното задолжување во оваа обнова е сите полнолетни членови од семејството задолжително да бидат пријавени во Агенцијата за вработување, што ќе биде предуслов за остварување на правото кое се очекува дека ќе се трансформира во гарантирана минимална помош, согласно новиот закон за социјална заштита кој набргу треба да биде донесен, велат од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи. Обновувањето на документите ќе трае до 28 јануари 2019 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.