Ја информираме јавноста дека со заедничко учество успеавме да постигнеме договор за конечноста на уставните амандмани и уставниот законик со што се обезбедува најмалку 2/3 мнозинство во Парламентот. Добивме максимално можно добар текст на уставните амандмани и уставниот законик за спроведување на договорот од  Преспа со што уште еднаш се потврдува македонскиот идентитет, внатрешна примена на договорот од Преспа и стапувањето на сила на уставните амандмани, се вели во соопштението на Владата и пратеничката група од осумтемината пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои ги поддржаа уставните измени со цел промена на уставното име.

Уште еднаш потврдуваме дека државјанството е македонско/ граѓани на Република Македонија, се додава во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.