Вообичаено почетокот на секоја година да се резимира минатото и на тоа да се надоврзат очекувањата за годината која туку што почнува. Судејќи по се Република Македонија нема многу време за земање здив, според најавите власта ќе продолжи со нејзиното суштинско разнебитување, менување на Уставот со цел менување на уставното име.
Да, стравувањата, предупредувањата од опозицијата се исполнија. за жал- до точка. Се она што и беше пропишувано како дневнополитички маркетинг, популизам, заплашување на народот- сега тропа на врата. Носител на тој проект за национално обезличување и бришење на идентитетот на Македонците е владата на Зоран Заев. Но сепак, потписник и двигател на сето беше и е министерот за надворешни работи Никола Димитров. Ако се земе дека токму на крајот на 2017 година Димитров го почна својот личен поход за прифаќање на грчките услови наведени во срамниот документ наречен Договор од Преспа, преземајќи ја сета агенда во свои раце, надминувајќи ги и процесот со Нимиц, истуркувањето на македонскито делегиран преговарач, амбасадорот Васко Наумовски, со што директно од преговорите го исклучи и Претседателот на државата Ѓорге Иванов, целата црна одговорност за капитулацијата потпишана во Преспа паѓа на грбот на Никола Димитров.
Димитров – министер на „искомплексирана“ нација од која се срами
Собранието годината ќе ја почне со болната седница за промена на Уставот, по оној црн19 Ноември, најмрачниот ден од самостојноста, сувереноста, независноста, од историјата на Република Македонија. Но, на дневен ред пред пратениците многу скоро би требало ќе се најде и интерпелацијата за Никола Димитров поднесена од опозицијата.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Димитров „најнеуспешниот министер за надворешни работи“, а лидерот Христија Мицкоски кусо ќе напише
Никола Димитров со Заев донесоа капитулантски договор! Понижување и разградување на Македонските национални и државни интереси! Димитров кажа дека Македонците биле нација со комплекс! Нема датум за преговори со ЕУ. Македонската дипломатија исто како и државата е прикована на дното. Поднесовме интерпелација за најнеуспешниот министер за надворешни работи. За да престане срамот, за да македонскиот углед не продолжи да се урива, напиша Мицкоски.
Бројни се навредите кои што овој народ, македонскиот народ, сите народи во Република Македонија ги има доживеано од членовите на СДСМ. Но, повеќето биле индиректни, како што се навредите со толку отворената корупција, безочни лаги или напросто неработењето. Но толку директни навреди од еден министер, шеф на дипломатијата, министер за надворешни работи, и тоа од собраниска говорница до сега никој не можел да замисли.
Значи, се работи за нација со комплекс која што мора да си бара назад 2.000 години корења, Александар Македонски ако го нема ние не знаеме кои сме… Престанете со овие, значи, срам ми е да ве слушам, искрено ви кажувам, порача Димитров од собраниската говорница.
Кој од кого треба да се срами?
И додека Димитров се срами од нацијата, а не се срами да ги користи бенефициите, притоа не само за себе туку и за својата ќерка. Имено, во државава никој не може да се присети дека некој добил стипендија во еден ден, стипендија за студирање во странство вредна 40.000 евра. Можеби и би се прифатил фактот дека ќерката била „најдобра“, исто како што најдобри се и децата на Џафери, Бејта, Бучковски, Фркоски, Грчев… Но итно, во еден ден да се одобрат 40.000 евра стипендија за студии, додека семејството Димитрови поседува луксузен стан од 130 квадрати на неполн час возење до Универзитетот, навистина место за срамење и во одлуката и во барањето за стипендирање.
Некој би помислил дека Димитров можеби и би требало да ги врати тие 40.000 евра, да ја врати стипендијата, или да ја „искара“ својата ќерка што побарала стипендија, но и Рената Десковска која како министерка и’ ги одобрила. Не за друго, за да не стигне срамот до Холандија, Неговата Холандија“, од каде Димитров како дел од некогашната „Амстердамска тројка“ тој и се врати за да сега биде министер. Но Димитров не би бил Димитров доколку би имал образ помек од ѓон. Во екот на минатата година, додека го „решаваше“ името, а идентитетот на големо беше на мени, неговото име се најде среде афера во Холандија. Холандската јавност беше шокирана и се бараа сериозни одговори од Димитров за тоа како биле потрошени 20 милиони евра холандски државни субвенции!? Имено, Димитров близок пријател на директорот на Институтот за правда во Хаг, земал висока плата од 200.000 евра, (висока дури и за холандски услови), а Институтот во кој биле вложени пари на Холанѓаните по брзото трошење на парите- едноставно се распаднал! Отчетот, за кој што се бараше Димитров, вклучувал настани како тркалезни маси, панели проследени со луксузи, пијалоци, вина, кетеринзи и готвачи, па и јастози за оброци на пријателот на Димитров. За нанесениот срам и поврзувањето со ваква афера секој нормален демократски настроен министер би си дал оставка, но не и Димитров. Тој не виде потреба ниту да говори за својата вклученост, ниту за обвинувањата на неговиот пријател директорот на Институтот. Оваа афера која го покажува карактерот, однесувањето на Димитров, недвојбено потсетува на староновите пријатели на Димитров во владата, но и на новното расипничко трошење, дури и на оние непотребни платени говорници на ткн дебати после референдумот и срамното изгласување на потребата од уставни измени. Референдумот пак, сам по себе отвора цело ново поглавје за Димитров.
Референдумот – доволна причина за оставка

Кој крајот на годината во интервју за странски медиум Димитров објаснува како во Лондон одговорил зошто Република Македонија сака да влезе во ЕУ кога Велика Британија излегува. Одговорот гласел, ‘Затоа што вие што сте внатре, понекогаш заборавате колку е студено надвор’. Димитров покрај навредите ќе остане запаметен и по празните флоскули и поетичноста. Секако и по лагите кои со таа прозаичност сакаше да ги разубави. Така, тој во истото интервју зборува за стремежот Македонија да биде „европска земја“, преку борбата со корупцијата, слободата на медиуми, создавањето работни места, раст на платите, преку политичари кои се соочуваат со одговорност!
Но, Димитров заборава да ја спомене својата одговорност, ниту за потпишувањето на докумант за кој што нема надлежност, ниту за спроведување референдум по договоро чија ратификација не мина кај претседателот на државата, ниту пак за пропаднатиот референдум за истиот договор, упте повеќе со конфузно прашање. Дури и си понуди оставка ако пропаднел процесот или ако тоа „помогнело“ да се дојде до подобро решение.
Рака на срце, Никола Димитров си поднел оставка. Добро упатени извори од владата, познати на медиумот, потврдуваат дека Димитров поднел оставка веднаш после пропаднатиот референдум. Тоа предизвикало низа вжештувања на телефонски (но и други) линии, а потоа трчаници на низа гласници низ МНР, Влада на РМ, Заев, Димитров, неколку дипломатски мисии, по што министерот го повлекува документот. Сепак останат е доказот објавен во медиумите за кој потоа грубо самиот Димитров ќе рече дека е „Груб Фалсификат“.
Да беше ова сериозна власт како што не е, а и да стои Димитров на збор како што не остана на збор, можеби ќе се инсистираше и на графолог- кој тоа го фалсификувал потписот на министерот за надворешни работи на Република Македонија? Тоа сепак не е шега, некој да фалсификува потпис на првиот дипломат! Секако, доколку сето набедување за фалсификат не е измислена варијанта за вадење на Никола Димитров. Бидејќи, како ќе продолжеше сета фарса во Собранието, сето „бркање“на гласови во „балкански менталитет“ ако Димитров признаеше пораз, ја признаеше цела фарса со Капитулацијата од Преспа? Како потоа ќе се вадеше онаа глупост дека „немало гласови против“?
Викиликс го открива табиетот на Димитров
Но останувањето на Никола Димитров во власта на Зоран Заев можеби и не е само желба на Заев за да му служи како оправдание, туку и како непосредна „врска и гаранција“ кај гаранторите.
Викиликс, о да, тој познатиот Викилилкс кој што од уста не го вадеа како главна алатка за „свиркачи“, како орудие за напад против власта на ВМРО-ДПМНЕ, за „откривање на тајните преговори“ и наводни „трговии“ за името; Сега тој истиот Викиликс од власта се квалификува за „„безначаен сајт со стари информации“! Причината е јасна; Само затоа што истиот тој Викиликс открива дека Димитров со години бил изворот, доушникот, модерно „свиркачот“, а по старски „цинкарошот“ на македонската дипломатија низ странските амбасади. И тој, свиркачот Викиликс, сега открива дека токму актуелниот министер за надворешни работи бил заштитен извор на информации за странските агенции распослани низ странските амбасади. Името на Никола Димитров како извор на информации било сокриено, како и дел од информациите кои ги доставувал би требало да бидат наменети и достапни само за мал круг „важни“ личности.
Секој што барем малку разбира колку одговорна задача е да се биде преговарач во процес кој сам по себе е преседан- да се преговара за име на една држава, за да се заштити име на нација вклучително и неговиот идентитет, би требало да знае и колку треба да е човек од доверба на нацијата, на власта, на претседателот кој што го назначува. И не е за очекување личноста поставена на толку значајно место да пренесува по амбасадите кои се ставовите и стратегиите, поединечно и заеднички, на членовите на македонскиот државен врв! Само за споредба, Димитров и неговите пајташи во власта се нафрлија врз последниот преговарач Васко Наумовски поставен од претседателот на државата, измислувајќи дека тој по средба со медијаторот Метју Нимиц открил за јавноста дека предлогот на посредникот од О.Н. бил целосно спротивен на македонските црвени линии! Тоа според Димитров било недостојно да се оцени предлогот за македонската јавност, а достојно било да се информираат амбасадите за следните македонски стратегии!?
Димитров нека не се срами, нека си замине
Една од најголемите измислици за измама на македонскиот народ беше наводниот предлог Илинденска Македонија, уште една измислица на Димитров.Тој лично трчаше по медиумите да убедува дека немало посоодветен предлог од Илинденска, па дури и отворено да лаже дека за тој „предлог“ имало согласност од Атина:
Не гледам во моментов посоодветен предлог околу кој и двете преговарачки страни имаат согласнот за решавање на спорот. Тешко е да си за Македонија, а да не си за Илинденска Македонија- убедуваше Димитров во емисијата „Печат на неделата на „1ТВ“.
Секако, Илинденска ја заборави истиот ден кога Атина ја одби Илинденска како предлог, ама се заблагодари на отвореноста за промена на Уставот! И тоа беше целта на таа срамна акција на Димитров.
Листата на скандали е предолга и тешко дека би ја „преживеале“ дури и за функционери во недемократски држави. Но веројатно Димитров се срами само од Македонците и нивното чувство за посебност. Нему не му претставува срам што ги погази сите македонски црвени линии, што јавно се изнесени неговите цинкарења по амбасадите, што потпиша нелегитимен договор вон своите ингеренции, што бранеше предлог со лаги дека Грците го прифатиле, што по Капитулацијата беше истеран заедно со Заев од претседателот на државата, што граѓаните низ државата ги изигнорираа наводните „општонародни забави“ по Капитулацијата, и секако, што граѓаните го изигнорираа Референдумот со неуставно прашање по Капитулацијата…
Оваа листа е премногу дури и за трпелив народ како што се Македонците. Тие не заслужуваат министер за надворешни работи кој што наместо за националните и државните интереси, штити интереси кои се на штета на волјата на граѓаните на Република Македонија.
Затоа, Никола Димитров нема потреба тој да се срами од народот кој што го претставува, нека не ја чека интерпелацијата, сам нека си замине од функцијата. Со тоа ниту тој повеќе ќе се доведува во ситуација да срами, ниту пак народот ќе биде оставен и натака да се срами од министерот за надворешни работи. Тоа секако нема да ја намали неговата вмешаност ниту пак да го намали неговото влијание во обезличувањето на македонскиот народ и државност. Неговата „саможртва“ сепак нема да биде светла точка во целиот мрачен процес на резнебитувањето на државата. Но може да биде добар пример за колку толку морален чин по сета штета нанесена врз минатото, сегашноста и иднината на македонскиот народ и неговата борба за признавање на правото за самоопределување.
Дури потоа може да се разговара европските вредности, за правилата „во клубот“,за тоа како би требало да изгледа една вистинска европската демократија, во однос на слободата на медиумите, владеењето на правото, независноста на судството…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.