„Македонијалиек“ ги уверува граѓаните да бидат спокојни, сите вакцини биле безбедни за употреба.

„По информациите кои се појавија во јавноста за можно присуство на вакцини со истечен рок, нашата компанија „Македонијалек“, која е увозник и дистрибутер на МРП вакцините, изврши внатрешна контрола за да ги провери овие наводи. Контролата покажа дека сите МРП вакцини од марката „Priorix“, кои нашата компанија ги дистрибуира, се со важечки рок и сигурни за користење. На вакциналните пунктови има дистрибуирано вакцини од две серии, едната со важност до мај 2019 година, а другата до јули 2019“ се вели во соопштението на „Македонијалек“.

Според нив, при контролата, била откриена помала техничка грешка која вработените ја направиле при аплицирање на декларациите.

„Имено, кај мал дел од пакувањата се аплицирани старите декларации со датумот од претходниот увоз, односно октомври 2018. Нашата компанија се извинува за овој пропуст и непријатностите кои биле предизвикани. Овие пакувања се веднаш повлечени за да не се направат понатамошни забуни во јавноста и соодветно ќе бидат заменети. Граѓаните може да бидат сигурни дека сите вакцини се со врвен квалитет и важечки рок“ се додава во соопштението.

Оваа вакцина „Македонијалек“ ја увезува од 2016 година и непрекинато се испорачува до здравствените установи со стандарден квалитет. „Македонијалек“ стои на располагање за соработка со институциите за целосно расчистување на овој случај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.