Најмногу новозаразени од ковид-19 и минатата седмица има во Скопје, покажува неделната анализа на Институтот за јавно здравје.
Само вчера во главниот град новозаразени се 215 лица, а починале две лица како последица од корона вирус.
Во текот на вчерашниот број се регистрирани 245 оздравени скопјани од вирусот.
Во Скопје од почетокот на пандемијата се заразиле вкупно 91.737, а во моментов активни се 3775 случаи.
Во земјава активни на ковид-19 се 8 331 лице, хоспитализирани се 534, од кои 343 се на кислородна поддршка и 21 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.