Професорката Мирјана Најчевска, гласен поддржувач на политиките на актуелната власт на чело со Зоран Заев, учесничка во Шарената револуција, не го крие незадоволството од политиките кои ги спороведува владана на СДСМ и ДУИ.

ДУИ е продолжение на најкорумпираните, најнедемократските, најнасилните, најзаостанатите, најнеправните активности со кои се соочивме во текот на 11-годишното владеење на двоецот ДУИ-ВМРО.

Или ќе најдете начин да ги спастрите или ќе станете потполно еднаков двоец само со име ДУИ-СДСМ. Уште еднаш повторувам: Охридскиот договор треба да стане дел од историјата, а ние треба да почнеме да градиме граѓанска држава во која власта е под контрола на граѓаните и работи во корист на граѓаните, а не ги искористува граѓаните и не ги дели граѓаните со цел зацврстување на партиско-мафијашките структури.

Ве молам, ослободете ја администрацијата од партиите и од етничките пранги. Мерит систем со предност за кандидатот од одредена етничка заедница кога кандидатите се на приближно ниво или приближно на еднаков начин ги исполнуваат условите не е исто со распределба на функционерски и директорски места по процент. Дајте бре запрете да не враќате се поназад и поназад.

Впрочем мислам дека ДУИ не смее да биде на власт исто како што не смее во моментов да биде на власт ВМРО-ДПМНЕ. Не сме го срушиле режимот доколку една половина од тој режим ми седи во власта, а другата ги има пипците во сите структури. И дајте бре Албанци не се палете на секој будала кој ќе одбие да ве игра. Па во секое општетсво има будали, а вие наседнувате како кленови на најмала провокација и веднаш тоа повредената гордост, па знамињата, па историјата па кубурите. Дај бре заедно да влеземе во 21 век, макар и 20 години подоцна од останатите, пишува Најчевска денеска на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.