На денешната седница имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Тој истакна дека целта на оваа Влада е да нема воопшто антикорупциска комисија за да министерствата имаат можност да склучуваат тендери во четири очи. Тој го спомна случајот во Министерството за образование каде што се случиле договори за печатење на учебници неколку дена пред почетокот на учебната година со две фирми во износ од 5, 3 милиони евра. Тој кажа дека доколку во тој момент постоела антикорупциска комисија таа ќе била должна да даде мислење или одредена иницијатива по ваквите корупциски скандали.

Очигледно е дека Власта со ова немање или непостоење на антикорупциска комисија го цени како поволно за да може оние зделки кои што планирала да ги направи односно да ги води без било каков проблем – кажа Милошоски.

Исто така Милошоски кажа дека антикорупциската комисија треба да биде тело кое е и критичар и борец против корупцијата без разлика од кое ниво доаѓа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.