Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Со ректорот на универзитетот, Аце Миленковски разменија искуства за високото образование во Републиката и се согласија дека на македонското образование му се потребни реформи и нови законски решенија како би се доближило до образовните системи на Европската Унија, Америка и светот воопшто.
Видно расположени и задоволни од остварената средба направија обиколка на универзитетските простории каде Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се запозна со дел од академскиот кадар на универзитетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.