Порталите можат да склучат максимален договор од 15 илјади евра во денарска противредност, а и печатените медиуми исто толку пари, рече вечерва во емисијата „Топ-тема“ на телевизија Телма претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски.

Тој додава дека ќе се делат на три милиони евра во денарска противредност, а притоа се определени 45 проценти за двете партии од власта, 45 за двете партии од опозицијата и 10 проценти.

Дерковски потенцираше дека забележливо е присуството на портали кои никнаа како печурки пред изборите и преку 200 портали се пријавени, па ДИК има уште прочистувањз на регистерот.

За разлика од претседателските избори каде беа 73/4 сега се преку 200 портали што значи дека бројката драстично се зголеми. Во однос на оваа ситуација единствена добра работа која се случи со изборниот законик е ограничување на квантумот на средства кои ќе се трошат за медиумска кампања, односно 2 евра по запишан избирач, досега немаше такво ограничување, беше за секоја кандидатска листа максимум од 110 денари од по запишан избирач и можеше десет кандидатски листи да се изедначат со износите кои што можеа да бидат и те како високи, потенцира Дерковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.