Претходните само ме гонеа, овие ме осудија. Вака Душко Илиевски, најпознат како Душко Млекарот, кој со години наназад преку социјалните мрежи објавува материјали за нелегалното работење на актуелната власт ја започнува својата исповед за „Алфа“.
Битолскиот бунтовник, познат уште од протестите во „Свед милк“, во време на „шарената револуција“, по две пресуди за учество во толпа и напад на службени лица, како што беше обвинет, од Кривичниот суд во Скопје заработи затворска казна од една и пол година, а во Основниот суд во Битола, од една година. Заради тоа се наоѓа во политички азил во Германија, каде живее со сопругата и децата, но сега се распишани централна и меѓународна потерница и се бара негова екстрадиција.
Во Скопје, тие што бевме снимени заедно со Кире Неделковски каде што ги туркаме железата, а и во „Свед милк“ ги туркавме железата, ама не бевме осудени. За железа туркање во Скопје бевме осуедени една и пол година, а од таа толпа само ние двајцата. Кире Неделковски го ослободија, а Душко Илиевски осуден, без ниту еден доказа, без ништо. Освен сведочење на полицијата, други докази нема, рече битолскиот млекар.
Според него ова е резултат на притисокот врз правосудните органи од страна на експоненти на власта, кои се мета на негови критики.
Александар Кирацовски прави притисок врз судството за да бидам екстрадиран. Но, јас во Република Германија сум заштитен со политички азил. И во Судот, преку моите адвокати, беа дадени податоци каде живеам и дека сум во азил во Германија, рече Илиевски.
Денеска екипа на „Алфа“ ја посети неговата мајка во семејната куќа во Битола која се пожали дека поради сите овие случувања околу Душко, нејзиниот сопруг Томе е тешко болен и се наоѓа во Клиничката болница во Битола.
Го бараат да се врати назат за „шарената револуција“. Што направи Душко? Тие цела држава ја украдија и не ги затвораат. Зошто да го затворат Душко, кога толку не оштетија и сега стигнавме за социјална помош да дојдеме ние, рече мајката Лиле Илиевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.