Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев синоќа во пресрет на Василица присустуваше на 24 Мичурински средби, кои традиционално се организираат по повод Православната нова година.
Традицијата е составен и важен дел од животот на секој кој живее во Македонија. Денес по 24 пат се собравме во моето маало на традиционалните „Мичурински средби“. Убаво е по завршувањето на обврските во Министерството за внатрешни работи да одвоиш време за разговор со соседите и пријателите.
Со благослов мичуринци ја испраќаат старата, а ја пречекуваат Новата година по јулијанскиот календар, напишаминистерот на својот фејсбук профил.
Фотографиите и објавата на неговата фејсбук страна предизвикаа вистинска бура на позитивни реакции помеѓу граѓаните. Тие не штедеа пофални зборови за го поддржат Министерот кој освен работните обврски посветува време на граѓаните од своето мало и ја почитува и негова традицијата на Република Македонија.
За секој човек без разлика дали е партиски обоен во кој не препознавам ароганција, осветољубивост туку препознавам, професионалност и блискост до народот, имам посебна почит кон него, дај боже да е така, да не грешам“, напиша Марика Јанковска под фејсбук објавата.
„Колку е убаво чувството кога човек е опкружен со сопствениот народ. Бог да те благослови, Св. Василије да ни е многу години. Да царува мирот и меѓусебното почитување“, Марушка Накова.
„Браво министре, народен човек сте, се гледа“, напиша Горан Јакимов.

Според најавите од Кабинетот на Чулев тој во престојниот период секојдневно ќе остварува формални и неформални средби со граѓаните.
Додека функционирите од СДСМ се занимаваат и закануваат со тужби, ние се грижиме и ќе разговараме со граѓаните, додаваа од таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.