Здравствените работници кои работат во ковид-центрите надвор од Скопје, ќе мораат да допатуваат во главниот град за да ја примат вакцината од „Фајзер“. Местото за вакцинирање останува исто. Лекарите и медицинските сестри кои директно се изложени на вирусот ќе треба да дојдат во модуларната болница во Скопје. Иако првично не беше по план, новината се воведува за поефикасно организирање на првата фаза од процесот на имунизација.

Информацијата ја потврдуваат и од Министерството за здравство. Велат дека одлуката медицинскиот персонал од внатрешноста да дојде во Скопје за вакцинација е донесена од прагматични причини.

Услови за чување на вакцината Фајзер има во сите вакцинални пунктови во државата. Вакцината на производителот Фајзер, 5 дена може да стои во обичен фрижидер на температура од 2 до 8 степени целзиусови. Причина зошто сите здравствени работници од ковид центрите ќе се вакцинираат во модуларната болница е поради лимитираниот број на вакцини, а со цел максимално искористување на дозите и подобро планирање на процесот на вакцинација, информираат од Министерството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.