Советот на Општина Охрид на денешната вонредна седница од 15 гласа го избра Константин Георгиевски за вршител на должноста градоначалник.
Георгиевски е координатор на советничката група на СДСМ и ќе го замени проф. д-р Јован Стојаноски, кој ненадејно почина на 15 декември на 48 годишна возраст. По назначувањето на функцијата тој изјави дека ќе се залага за продолжување на реализација на проектите и исполнување на визиите на неговиот претходник.

Георгиевски ќе ја извршува градоначалничката функција до вонредните избори за градоначалник што ќе бидат распишани дополнително, најверојатно заедно со претседателските.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.