Во името на над 32 илјади граѓани до Државната изборна комисија ја доставивме кандидатурата на Стево Пендаровски, за претседател на сите граѓани. Горди сме што за само еден ден, со свој личен потпис огромен број граѓани застанаа зад оваа кандидатура. Несомнено кажано оваа кандидатура на Стево Пендаровски е избор на сите граѓани на Република Македонија, истакна денеска шефот на изборниот штаб Александар Кирацовски.

Стево е избор за Претседател на сите граѓани, за сигурна, стабилна, безбедна и напредна Република Македонија. На граѓаните, на нашата држава потребен им е претседател првенствено кој што обединува, кој што работи чесно и професионално, и кој што ги штити интересите на граѓаните и државата-истакна Кирацовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.