Јавен обвинител по предлог на опозицијата мора да има за да може Јавното обвинителство да се тргне од прегратките на Заев и од криминалниот клан и конечно да почне да си ја врши функцијата за која што е овластено, а тоа е гонење на криминалот, изјави Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ кој вечерва гостуваше во емисијата „360 степени“ на „Алсат“.

Мицкоски потенцираше дека нема потреба да се плаши од ништо.

Зошто се плашат да имаме обвинителство за висока корупција, каде што обвинител ќе биде предложен кредибилен лик професионален лик од опозицијата ако се толку чисти? Зошто во еден момент господинот Заев рече вие сакате да ме потрупате со предмети? Јас ако сум чист верувам во својата честитост и законско работење нема да имам потреба да се плашам од ништо, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.