Изет Меџити е новиот претседател на огранокот на ДУИ во Чаир. Меџити, кој беше единствениот кандидат номиниран за претседател на овој огранок, доби едногласна поддршка од околу 60 членови на Изборното собрание на Демократската унија за интеграција во Чаир.

Од понеделник ќе бидеме на терен, на состаноци со граѓаните за да ја создадеме новата програма на ДУИ за подобри услови за граѓаните – рече новоизбраниот претседател на огранокот на ДУИ Изет Меџити.

На изборното собрание присутен беше и претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Меџити беше градоначалник на Чаир од 2005 до 2017 година. Огранокот на ДУИ во оваа општина се смета за еден од поважните партиски упоришта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.