Основниот суд Скопје 2 донесе решение за привремена мерка со кое забрани продажба и располагање на книгата на Стојан Андов со наслов „До атентатот и по него“ во која тој имплицира вмешаност во атентатот на Глигоров на Фрчкоски поради повреда на личните права на тужителот, Љубомир Фрчкоски.
Ивон Величковски од Либералната партија, со свој став за оваа тема:
Без да навлегувам во конечната пресуда по тужбата: Легалистички? До завршување на судскиот спор – погрешно. Политички? Сосем погрешно. Сега ви е јасно зошто не ги поддржувам политиките на оваа влада. Можеби ќе им стане јасно и на оние што се надеваат дека “наведната глава сабјата не ја сече”, оценува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.