Ај смирете се, вашите фрустрации потиснете ги! Вака претседателот Ѓорге Иванов им се обрати на пратениците од владејачкото мнозинство кои бурно реагираа на неговите обвинувања за Договорот од Преспа, за Договорот со Бугарија, како и за, како што рече „тиранската платформа“.
„Ве молам да ме сослушате, ве слушам цела година“, реагираше Иванов на реакциите од пратениците.
Иванов ја обвини власта за уцена на пратениците и праша која е разликата меѓу неговите помилувања и амнестијата од Владата .
„Мојата амнестија беше помирување преку помилување, а вашата обезбедување поддршка за уставните измени преку уценување“, изјави Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.