Изградбата на Клинички центри е главна тема во Србија и во Македонија. Разликата е во тоа што тој во Белград се гради наголемо а во Скопје е само лист хартија.

Власта преку измени на Законот за јавни набавки и физибилити студија од 30 страни сака да протне изградба на Клинички центар од речиси половина милијарди евра за кој нема проект. Да, за него нема никаков проект кој допрва треба да се прави.

За разлика од Скопје, Центарот во Белград треба да биде готов до јули и ќе биде еден од најсовремените на Балканот.

Ќе содржи 20 операциони сали и 1000 кревети, слично како тој на Заев и Филипче. Но, разликата во чинење е „само“ 400 милиони евра.

Да, српскиот Клинички е предвидено да чини 125 милиони евра, а македонскиот повеќе од 500. На тоа Филипче имаше одоговр дека не може да се прават спореди. Небаре во Македонија цените на матреријали се трипати повисоки!. Или по прашање е нешто друго?

На оваа сума од половина милијарда евра треба да се додадат дополнителни трошоци за геолошки испитувања, собраќајна инфраструктура, водовод, канализација, електрика со што сумата би се зголемила за уште стотина милиони евра.

Само за споредба, со проектот за Клиничкиот центар во Белград во него ќе може да се дојде директно од автопат што за нас се уште е научна фантастика.

Затоа Вучиќ со гордост вели дека нивниот Клинички центар ќе биде најдобар на Балканот а оној на Заев и Филипче го има само во нивните глави.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.