Неофицијално, двајца демостранти кои сакале да ја прескокнат оградата и да влезат во Собранието, се приведени, откако дошло до туркање со полицијата.

По експозето на премиерот Зоран Заев претседателот на Собранието го закажа продолжението на седницата за уставни измени за утре во 13 часот, но народот не се разотиде од пред Собранието и ќе демонст.

Во меѓувреме пред да се разиде толпата, се обрати Драган Угриновски еден од организаторите на протестот, кој рече дека ова е успешен ден бидејќи не им дозволиле на пратениците да ги изгласаат уставните промени.

Од „Македонија-блокира“ најавија нови протести против уставните промени за утре, кои ќе започнат во 12 часот, а седницата за уставните измени продолжува во 13 часот со дискусија за поднесените амандмани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.