Откако денеска Кривичниот суд го одобри барањето за амнестија на Богдан Илиевски-Бетмен, активистот се обрати до јавноста преку својот профил на „Фејсбук“.

395 дена подоцна…

Фала му на Бога,
фала ви на сите кои бевте со мене и со моите во периодов. Никому никогаш да не му се повтори.

Само слободата е правда.

Да ја има, за сите невини.

Да сте живи и здрави,
да живее Република Македонија!, напиша Илиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.