Венко Филипче, министер за здравство бара од ВМРО ДПМНЕ да престане да кажува невистини и да го поврзува со сопственост на имоти кои не ги поседувал, ниту пак влијаел некој друг да ги поседува уште од 2015 година, се вели во демантот на министерот.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со клеветите и инсинуациите за мене и за семејството на мојата сопруга. Повторно барам да се извинат за изнесените лаги. Апелирам да престанат да кажуваат невистини и да ме поврзуваат со сопственост на имоти кои ниту ги поседувам, ниту сум влијаел некој друг да ги поседува уште од 2015 година. Денеска Стилоковски обидувајќи се да ја одржи во живот оваа банална приказна ме поврза со нови лица со кои, освен професијата, апсолутно ништо друго не не поврзува, се вели во демантот на Филипче.
Тој ги повикува институциите да ги истражат овие наводи на ВМРО-ДПМНЕ.
И да докажат дека на ниту еден начин не сум ја злоупотребил функцијата, ниту сум инволвиран во ова за што денеска бев бесправно обвинет. Трагично е што во период кога сме посветени на справување со корона вирусот, Стоилковски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат преку лаги да ја дефокусираат јавноста, вели Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.