Не може некој да биде пратеник 4 години, а потоа да брка по контејнери, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на брифингот со новинарите во врска со иницијативата за закон за пратенички привилегии. Тој не негираше дека постои иницијативата, но посочи дека не може да коментира додека не го види текстот на законот.
Идеја како идеја може да постои, може да ја даде било кој пратеник, но кај мене нема пристигнато текст или драфт верзија на закон за пратеници. Можам да се произнесам откако ќе го видам, рече Џафери.
Инаку, претходно во разговор со новинарите на брифингот, претседателот на Собранието кажа дека во голем број земји во светот, со законско решение бил уреден стстусот на пратениците по истекот на мандатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.