Во кривичниот суд до 15 часот пристигнале 62 барања во согласност со Законот за амнестијата, од кои 27 во одделението за организиран криминал и корупција и 35 во одделот за кривично полнолетни.
„Во согласност со Законот за амнестијата, за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, ја информираме јавноста дека денеска до 15 часот во судот се пристигнати 62 барања, од кои 27 во одделението за организиран криминал и корупција и 35 во одделот за кривично полнолетни“, се наведува во соопштението од судот.
Оттаму напоменуваат дека рокот за поднесување важи и денеска и дека ќе бидат земени предвид и барањата што во законски утврдениот рок ќе бидат дополнително доставени до судот по пошта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.