Дамјан Бучковски е последното кадровско решение на државната компанија МЕПСО. Дамјан е син на професорот Владо Бучковски, поранешен премиер и повратник во редовите на владеачката партија СДСМ, објави МКД.мк. Тој во компанијата е ангажиран со договор на дело. Од неодамна во МЕПСО работи и Фиторе Бејта Акику, ќерката на Невзат Бејта, поранешниот градоначалник на Гостивар од владеачката партија ДУИ.

-На последниот оглас за вработување објавен во согласност со Законот за работни односи, на работната позиција референт за набавки во одделот за комерцијални работи вработено е горепосоченото лице како најдобар кандидат од конкурентите на огласот – информираа од МЕПСО за нововработената Фиторе Бејта Акику.

Годинава АД ЕЛЕМ се вработи и Бесија Џафери, ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери како референт за правни работи. Во ЕЛЕМ во 2018 годинаимаше работно место и за Димитар Грчев, син на архитектот и советник во Министерството за култура Мирослав Грчев.

Во април годинава се отвори работно место и за Јон Фрчкоски, син на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски, поддржувач на политиките на СДСМ. Јон Фрчкоски денес е помошник директор во АД за Стопанисување со станбен и деловен простор. Тој тука дојде од општина Центар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.