Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе ја посети Македонија во вторник на 2 април, јави дописничката на МИА од Атина.
Делегацијата што ќе ја предводи Ципрас ќе биде пречекана на аеродромот во Скопје, по што следува свечен пречек со високи државни почести на платото на Владата. Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе имаат билатерална средба, а потоа и зедничка прес-конференција во Владата. Ќе биде одржана и меѓувладина седница.
Предвидено е грчкиот премиер да има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.
Во попладневните часови премиерите Заев и Ципрас ќе учествуваат на бизнис форум.
Грчкиот премиер доаѓа во Скопје и со бизинис делегација што ќе сочинуваат преставници на над 70 големи и средни компании.
Делегацијата е поддржана од грчката компанија за инвестиции и надворешната трговија „Enterprise Greece“, надлежното државно тело, под надзор на Министерството за економија и развој, за привлекување инвестиции во Грција и за промоција на извозот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.