Од научна гледна точка, македонскиот јазик не постои, изјави поранешниот бугарски амбасадор во Македонија. Александар Јорданов во телевизиско интервју за утринската програма на „БТВ“ рече дека македонскиот јазик постои само од политичка гледна точка, а дека заедничка историја не можат да споделуваат.
Нема сомнение дека македонскиот јазик е норма, односно, дијалект на бугарскиот јазик. Ако народите се различни, како што тврди македонската страна, има македонски народ, има бугарски народ, не можат да имаат заедничка историја. Заедничка историја може да има само еден единствен народ, вели Александар Јорданов.
Јорданов вината ја наоѓа бугарската влада, која за разлика од грчката во случајот со Договорот од Преспа, оставила Договорот за добрососедство да го кројат историчари и луѓе од науката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.