Кога археолошките откритија ќе го добијат вниманието што го заслужуваат и експертското знаење тоа изгледа вака. Неодамна во Љубљана при поставување на нови канализациски цевки наишле на антички гробишта. За наодот словенечките медиуми пишуваат со месеци, а јавноста се гордее, а не се срами од археолошките локалитети. Тамошните наслови се „Археолошко откритие што заслужува презентација“, „Фасцинантно откритие на Господсветска улица“…итн.

Нивниот експертски тим на теренот веќе ги подготви сите основи за можни форми на презентација, но сега носителите на одлуки ја препознаваат важноста и соодветноста на таквата презентација на можеби најстариот ваков објект во Словенија. Значи, што се прави во случај кога ќе наидете на некој наод? Согласно нашиот Закон за заштита на културно богатство, а ете согласно и словенечкиот, местото се оградува, се прекинува со работите и додека не се испита што има под земјата, не се продолжува понатаму.

Само за споредба, кај нас, во Скопје, пред неколку дена, при преуредување на тротоар на Партизански одреди кај Карпош 4 беше пронајден саркофаг од античко време. Под изговор дека саркофагот тука го довлечкал некој нанос , артефактот беше кренат, а наоѓалиштето затрупано и тоа под итно. На местото се работи и денеска, во недела.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.