Патничкиот воз со број 641 кој се сообраќа на релацијата Скопје-Битола, а кој утрово тргна од железничката станица во Скопје во 6:53 според возниот ред, а кој во Битола требаше да пристигне во 10:20 часот, се уште не е пристигнат, пренесува Тера.

Патници од возот велат дека прво чекале час и половина во Зелениково, а потоа неколку часа во Богомила.

Од железничката станица во Битола кажаа дека возот се уште не е пристигнат и немаат информации кога ќе дојде.

Во меѓувреме во 14:30 возот од Богомила тргнал кон Битола, велат патиниците кои се револтирани од долгото патување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.