Скромно семејство на свештеник на најголем христијански празник е жртва на насилници, а како што ќе покаже времето и на моќни фигури од светот на шоу бизнисот, политиката и правосудството.

Алфа истражува зошто 30 месеци Миле Јовановски, номинален сопственик на медиумот 1ТВ близок до власта, и неговиот син Боки 13 се заштитени и се уште не се казнети за своето насилство.

Во утрешните изданија на информативната програма, Алфа започнува со серија прилози за случајот кој ја покажува немоќта на обичниот човек да дојде до правда кога против себе има насилници заштитени од владејачки структури.

Случајот започнал во јануари 2017 и се уште не е затворен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.