Автоматско оружје, придушувач и куршуми се пронајдени при извршен претрес кај двајца велешани. Полицијата информира дека вчера во периодот од 10 до 12 часот во Градско, Велес со наредба од Основен Суд Велес извршени се претреси во домовите на лицата О.П. (36) и П.К. (54).
Во домот на О.П. од Градско пронајдени се 9 куршуми 9 мм додека кај П.К. исто така од Градско пронајдени и одземени се едно автоматско оружје со пластична рамка, еден пригушувач на звукот, 11 куршуми 9мм. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ за ,,неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материи, информира МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.