Вчераутро било пријавено дека во Штип на улицата “Широк Дол“ бил пронајден повреден Ј.К. (62) од с. Кучица – општина Карбинци.

Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип. Известен е јавен обвинител и се превземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.