Педесет и двегодишен жител на Дебар доби кривична пријава поради вербална расправија и физички напад врз вработен во Јавното претпријатие „Национални шуми“.

Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична против И.Ц. (52) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „загрозување на сигурноста“ и „спречување на службено лице во вршење на службени дејствија – соопшти портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски.

Тој додаде дека И.Ц. на 25 минатиот месец околу 10:30 часот, во близина на дебарското село Гари, прво вербално, а потоа и физички го нападнал Ш.С. од дебарското село Могорче.

Нападнатиот Ш.С. како вработен во Јавното претпријатие „Национални шуми“, во тој реон извршувал работни задачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.