Во Богданци денеска е приведен 46-годишен маж, во чиј дом биле понајдени саксии со стебла од канабис.
МВР информира дека Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со ОВР Гевгелија, денеска го лишија од слобода И.Г.(46) од Богданци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети во кои имало листови канабис и неколку саксии со стебла од канабис.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.